06 Декември, 2025
0.2699

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ вечер во Градски парк

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2013 15:11

Добивај вести на Viber

Во Градски парк вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи шестата по ред мултимедијална манифестација „Види музика, слушни слика, добиј книга“ на која најголемите диско хитови од 1970-тите и 1980-тите години ќе бидат изведени од Македонска филхармонија. Спектакуларното музичко доживување насловено како „Disco fever“ ќе биде надополнето со перформансот на академските сликари Емил и Тони Шулајковски, кои паралелно со звуците ќе го создаваат своето дело на огромни платна со димензии 10 на 3 метри, со големи четки и со десетици литри маслени и акварелни бои. Исто така настанот ќе биде збогатен со поезијата на македонскиот и светски афирмиран поет, Никола Маџиров, a посетителите ќе имаат можност бесплатно да добијат примерок од книгата „Еден ден ќе се сретнеме“.За оваа цел обезбедени се 20.000 примероци кои ќе бидат раздавани на почетокот од концертот. Во книгата се сместени необјавени песни на поетот, како и стихови од поетските збирки „Заклучени во градот“, „Некаде никаде“, „Асфалт, но небо“ и „Преместен камен“. Организатори на манифестацијата се Македонска филхармонија и Младинскиот културен центар.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј