ВИЕНА: На брод се заробени 140 луѓе поради надојдениот Дунав
Објавено во: Свет 16 Септември, 2024
Во Виена, 140 луѓе се заробени на брод сред надојдениот Дунав.
Поради поплавите предизвикани од силниот дожд, 140 патници на швајцарски брод за крстарење мораат да останат во Виена бидејќи не можат да го напуштат бродот.
Навигацијата по Дунав е прекината, а мостот до пристаништето е поплавен, па патниците не можат да излезат од бродот, пренесуваaт странските медиуми.
Директорот на компанијата Даниел Паули-Кауфман објасни како настанала оваа ситуација.
„Кога тргнавме, ниту најценетите експерти не можеа да предвидат дека Дунав не може да биде пловен на овие простори“, вели тој.
Во Виена се блокирани и други бродови за крстарење.
Најмалку 15 луѓе загинаа во поплавите во Европа.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.