07 Октомври, 2024
0.0269

ВИКЕНД БРИФ: „Зелените картички“ поделени - Тешка сообраќајка кај Демир Капија

Објавено во: Македонија 24 Август, 2019

Добивај вести на Viber

* Поделени над педесет илјади „зелени картици“, во вредност од 128 милиони денари

Иако беше најавено дека поделувањето на „Зелените картички“на земјоделците ќе се заврши во рок од 60 дена, сепак министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство успеа целата процедура да ја заврши за помалку од месец дена.

Вчера директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ги подели 5.974 картици за „зелена нафта“ со вкупен износ од околу 15 милиони денари на земјоделци во Кавадарци.

Вкупно досега се поделени 50.465 картици со вкупна вредност од 128 милиони денари. Од АФПЗРР информираат дека и следниот период ќе се доделуваат картици на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.

* (ОБНОВЕНО) Детали од МВР за сообраќајката кај Демир Капија: Четворица мигранти пренесени на Скопските клиники

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен со детали за синоќешната тешка сообраќајна незгода којашто се случи на автопатот Демир Капија-Неготино.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале 13 мигранти, три од Бангладеш и 10 лица од Пакистан, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија.

Возачот на возилото во кое се превезувале мигрантите го напуштил местото на незгодата, а во сообраќајката едно дваесет годишно лице од Бангладеш починало, а тринаесет мигранти се повредени.

* Огромна побарувачка за шумски плодови, но нема кој да ги собира

Планините во земјава изобилуваат со шумски плодови, Една од планините која има во голема мера шумски плодови, но и разновидни лековите растенија е Беласица.

Граѓаните кои со години ги собираат растенијата велат дека се помал е бројот на заинтересирани луѓе да се занимаваат со собирање.

Најголемата планина во југоистокот од државата изобилува со капини,боровинки, костен, печурки, дренки, малини, но исто така на Беласица растат и разновидни лековити билки, односно чаеви. Ако прошетате низ падините на планината ќе сретнете мајчина душица, планински чај, катерион, мента, див лук, и многу други растенија.

* Координацијата на политичките партии за ЈО продолжува, но датум за состанок нема

Координацијата продолжува, но датум и време за состанок на работните групи на политичките партии за новиот Закон за Јавно обвинителство се уште нема.

Работните групи кои работат на новиот Закон за новото Јавно обвинителство требаше да се состанат вчера, но не се случи тоа.

Обвинителката Лиле Стефанова ги повика политичките партии и сите засегнати институции час поскоро да го донесат законот за Јавното обвинителство, за да се откочи работата на Специјалното јавно обвинителство но, исто така и работата на редовното Јавно обвинителство, да не се остава простор на криминалот.

И најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се отворени за преговори, но според нив по неодманешните случувања поврзани со „Рекет“, Владата требала да се откаже од барањето за пренесување на тимот на СЈО во новото Обвинителство за органииран криминал и висока корупција.

* (ВИДЕО) Како Амазонија која се сметаше за отпорна на пожар се распали: Научниците загрижени

Дождовната шума од Амазон е опишана како „белите дробови на светот“. Толку јаглерод диоксид е заклучен во нејзините дрвја што заштитата на шумите е неопходна ако сакаме да се справиме со глобалното затоплување и да ја зачуваме планетата.
Исто така е едно од највлажните места во светот. Количината на врнежи од дожд што паѓа на најголемата дождовна шума годишно е толку голема што дури и во суви периоди е толку влажна што е речиси невозможно да се запали.

Пожарите што веќе три недели горат во Амазон се во спротивност со сите закони на природата и не се природни појави. Тие се предизвикани од комбинација на суши предизвикани од намалување на работата и човечки активности.


Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода