Викендот се одржа Скопје Синема Сити – Загревање
Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2017 14:28
Викендов во Кинотека на Македонија се одржа Скопје Синема Сити - Загревање, каде беа прикажани одреден избор на музички документарни филмови од второто издание на фестивалот Скопје Синема Сити од минатата година.

Посетителите имаа можност да ги проследат и да уживаат во документарните филмови „Роберт Плант: „Јас самиот“ и „ЛеонардКоен: како и „ПинкФлојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од ЏојДивижн до ХепиМандејс“. На втората вечер љубителите на документарните музички филмови премиерно го гледаа краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.

Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната. Првиот Скопје Синема Сити се одржа во 2015 година со трибјут за ДејвидБоуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут и за ЛеонардКоен со што беше отворена овогодишната манифестација.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




