Викендов прскање против комарци во Скопје
Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013 11:04
Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Град Скопје.
Како што се наведува во соопштението, вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) годинава, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од претстојниот викенд, односно на 8 и 9 јуни во период од 5.30 до 8 часот.
Вториот наврат на дезинсекција од земја (терестрична) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од 10 до 14 јуни (од понеделник до петок), во период од 1 до 5 часот.
Доколку временските услови не го овозможуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши , следниот ден во истиот термин кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





