05 Декември, 2025
0.0319

Викендов во Скопје се одржа првиот “Олимпијада+” настан

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 12:18

Добивај вести на Viber

Битолска Млекара по втор пат организираше караван со натпревари за сите оние кои сакаат да учествуваат во десетте Баланс+ игри, да се забавуваат и да освојуваат награди. Оваа година под мотото „Активна здрава забава“ караванот со натпревари ќе ги опфати градовите Скопје, Штип, Струмица и Битола. Првиот настан се одржа на 19.05.2013 година пред школка во градскиот парк во Скопје. Вториот настан е закажан во Штип на 25.05.2013, потоа следуваат Струмица на 01.06.2013 и Битола на 09.06.2013 година. За позитивната атмосфера и доброто расположение на настаните задолжени беа познатите Тони Зен, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски и ContruDJ кои заедно со жонглери, илузионисти и огнофрлачи ќе ги бодрат учесниците на сите четири Олимпијада+ настани. На настаните организирани во рамките на Олимпијада+ учесниците ќе имаат за задача да надминат 10 пречки, да се натпреваруваат во 10 игри и тоа: скокање во вреќа, тргање со јаже, стрелање со стрела, куглање, трчање со штафета, бадминтон, собирање јогурти, сложувалка, нафрлување на мини обрачи и балансирање. За најдобрите учесниците обезбедени се вредни награди и тоа 48 таблети, 48 фотоапарати, 48 mp4 плеери. „Задоволни од успехот на минатогодинашните настани Балансираме заедно, со уште поголем ентузијазам го започнуваме караванот од забавни натпревари Олимпијада+. Целта на настаните е промоција на тимскиот дух и дружењето како рамнотежа на модерното време. Имено, Битолска Млекара е во постојана потрага по начини како да придонесе за здравјето на своите потрошувачи. Така беа креирани Баланс+ производи кои со комбинација на пробиотик и инулин обезбедуваат бројни бенефити по здравјето на потрошувачите. Идејата за организирање на Олимпијада+ произлезе од намерата на иновативен начин да ги потсетиме нашите потрошувачи колку се битни забавата и активниот животен стил за здравјето.“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј