Вилата на Водно на бизнисменот Марковиќ ќе се продава за милион евра
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2023 07:50
Владата на 7 ноември донела нова одлука со која на Агенцијата за управување со одземен имот и дава дозвола да ја продаде конфискуваните вила и атрактивно земјиште на Водно на црногорскиот бизнисмен Миодраг Марковиќ за милион евра.
Државата пред точно 11 години одлучи конфискуваниот имот на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, и на неговиот соработник Миодраг Марковиќ да го стави на продажба врз основа на правосилна судска одлука од 2007 и 2008 година поради тоа што го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари. Државата реши да го продава преку јавно надавеање, но не се најде купувач за вилата на Марковиќ.
Вилата на улицата „Питу Гули“ бр.13 во скопската населба Водно, со површина од 1.800 метри квадратни, и тоа двор 1526 метри квадратни со базен, зграда 251 метар квадратен и помошна зграда од 23 метри квадратни тогаш беше понудена со почетната цена на наддавањето е определена на 82 614 641 денар.
Во 2021 имаше обид за уште една продажба, но тогаш Управата за продажба на конфискуван имот, предводена од тогашниот директор Фатно Асани, направи пропуст и ја понуди само вилата за 132.000 евра, без земјиштето кое вреди многу повеќе. Веднаш потоа огласот беше повлечен, а адвокатот на Марковиќ пред медиумите рече дека за овој имот и натаму се водат нерасчистени судски постапки.
Новата почетна продажна цена Бирото за судски вештачања ја утврдила на 26 декември 2022 на точен износ од 60.247.919,00 денари. Ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање. Од Агенцијата за управување со одземен имот ни одговорија дека понудата за продажба ќе се реализира „во скоро време“.
Црногорецот Марковиќ беше осуден за даночно затајување во случајот кога неговата фирма „Арарат“ од Никшиќ со сомнителни трансакции купила 36,16 проценти од акциите во охридски ЕМО, со што Марковиќ станал доминантен сопственик на фирмата. Наводно, со испраните пари потоа купувал движен и недвижен имот низ Македонија. Даравелски е слободен, откако неговото дело застаре додека беше пребегнат во Белград, а во меѓувреме се врати во земјата.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




