05 Декември, 2025
0.0351

Винарниците должници ќе плаќаат глоба од 10 проценти

Објавено во: Агробизнис 24 Јули, 2013 12:03

Добивај вести на Viber

Поради неисплатен долг кон лозарите им се одземени лиценците за откуп на грозје четирите винарски визби и тоа  на „Винеа“, „Еленов“, „Повардарие“ и визбата од Валандово. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека тие се уште имаат шанси за откуп на годинашниот род, ако до 30 април ја реализираат испалатата во целост.

“Никогаш Министерството за земјоделство официјално не кажа дека на осум винарски визби им се одземени лиценците, туку на четири,. Ако до 30 април не го исплатат грозјето, овие субјекти не ќе имаат можност за откуп, подвлече Коњановски на собраниската расправа за измените во Законот за вино. Клучната измена на овој Закон, што треба да се донесе по скратена постапка, е винарниците, ако не го исплатат ланското грозје до 30 април тековната година, да плаќаат глоба 10 проценти од сумата што им ја должат на земјоделците.

Измените беа поддржани од Комисија и проследени во натамошна собраниска процедура.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?