05 Декември, 2025
0.0532

Винарската визба Винеа продадена за 1,25 милиони евра, лозарите револтирани

Објавено во: Агробизнис 26 Јануари, 2013 03:34

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Винеа“ е продадена денеска  за околу 1.25 милиони евра, информираше Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари, „Агротиквешија“ од Кавадарци.

Тој истакна дека винаријата на лозарите од Кавадаречко и Росоманско им должи околу 600 илјади евра.

„Според нашите сознанија, винаријата е продадена за ниска цена и од продажбата нема да има пари за да се исплатат побарувањата на лозаропроизводителите. Ќе има пари само за враќање на банкарски долг. Нашите информации говорат дека има разлика во проценките на имотот кои ги извршиле самата винарија, банката и независната консултантска куќа која била ангажирана. Поднесовме приговор на одлуката за продажба до Основниот суд во Кавадарци, па чекаме одговор“, рече Аризанов.

Инаку вшера четириесетина лозари излегоа на протест пред канцеларија на извршител во Кавадарци. Побара да не се изврши најавената продажба на винарската визба „Винеа” од Штип која откупувала грозје во објект во росоманско Паликура.Побараа прво да се расчистат долговите кон лозарите, а потоа винарницата да се продава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?