06 Декември, 2025
0.0778

Вината на Стоби барани на пазарот во САД

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2013 12:06

Добивај вести на Viber

Винаријата Стоби ја зголемува постојано својата продажба на пазарот на САД, преку пласирање на своите производи во неколку специјализирани маркети за вино во регионот на Чикаго. Вината Вранец и Жилавка отсега ќе можат да се најдат во 15 маркети од ланецот Binny’s Beverage, кои се лоцирани во градот Чикаго и околината. “На прагот сме на огромен предизвик- претставување и ширење со производите во една од најголемите држави – потрошувачи во светот, а истовремено и еден од пазарите каде потрошувачите бараат исклучително висококвалитетни производи, вклучувајќи го и виното. Првичната пратка која беше испратена за САД е целосно откупена од маркетите за алкохолни пијалаци и веќе втората пратка на Вранец и Жилавка е на пат кон Чикаго, за кој се надеваме дека ќе претставува само почеток на нашиот пласман на вина во Америка“- изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс, во чиј состав е Винарија Стоби. Пласманот на вината на Винарија Стоби на американскиот пазар е дел од иницијативата Balkan Wine Project - платформа креирана со цел да презентира и пласира вина од винариите во регионот низ американските маркети специјализирани за алкохолни пијалаци. Од винариите кои се дел од оваа платформа, Винарија Стоби е единствениот македонски претставник.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј