Вината на Стоби на саемот BeoWine во Белград
Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2013 14:15
Винарија Стоби и оваа година зема учество во интернационалниот вински саем во Белград, BeoWine што се одржува од 21 до 24 февруари. Според соопштението од винаријата, во текот на четирите саемски дена, ќе биде претставен целиот асортиман на бели, црвени и розе вина.
„Учеството на саемот BeoWine е на наша инцијатива и на наше заложување. Иако Стоби вината се веќе присутни и позиционирани на српскиот пазар сепак, мислиме дека саемското претставување си носи свои предности во однос на експанзија и промоција токму онаму каде што е најпотребна, меѓу експертите, дистрибутерите, деловните посетители, сомелијерите и вистинските, посветени познавачи на виното“, изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс.
Дополнителен мотив за учество на овој саем, според неа, е промовирање на винскиот туризам. „Досега многу вложивме во развивање на оваа посебно нова и атрактивна гранка, покрај самата коцепција на винаријата Стоби, како најмодерна винарница на Балканот, понатаму продолживме со отворањето на барик-одделот, на салите за дегустација и на ресторанот, сето тоа е во прилог на развивање на новото поглавје во винскиот туризам, а полагаме и многу во развојот на винската култура“, изјави Трајковска.
На површина од 1.640 м2 се изложени проближно 150 излагачи, од кои 37 странски односно од 13 европски земји. Бројот на посетители се движи околу 60.000, а околу 15 илјади од нив се деловни посетители.
Белградскиот вински саем се одржува во склоп на интернационалниот саем за туризам и е најголемата туристичка манифестација во земјите на југоисточна Европа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





