05 Декември, 2025
0.4863

Вината на „Тиквеш“ рушат рекорди-22 медали и награди на светски престижни вински натпревари во Лондон

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 14:44

Добивај вести на Viber

Врвните македонски вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревари кои се одржуваат во Лондон, В. Британија. На јубилејниот 30-ти меѓународен вински натпревар IWC - International Wine Challenge 2013, вината на „Тиквеш“, во конкуренција од над  10.000 висококвалитетни сорти и видови вина од целиот свет освоија по четири сребрени и бронзени медали, а три вина беа специјално истакнати како особено квалитетни. На вториот натпревар - Decanter World Wine Awards 2013 на кој оваа година учествуваа над 14.000 вина од производители од 57 земји во светот, вината на најголемата македонска винарница „Тиквеш“ освоија еден сребрен медал и три бронзени, а дури седум вина, од страна на жирито, беа особено истакнати за нивниот врвен квалитет. „Исклучително сум задоволен што успеавме не само да го повториме, туку и да го надминеме успехот од минатите години што го постигнаа нашите вина на двата најголеми и најреномирани светски натпревари за вино. Овие награди во Лондон уште еднаш ја оправдуваат стратегијата на „Тиквеш“ и работа во креирање на автентични, висококвалитетни врвни вина од Македонија“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. На двата најголеми светски собири на најквалитетните вина во светот, со сребрен медал се закитија белите тероар вина „Бела вода“ и „Барово“ од минатогодишната берба, како и „Мускат Отонел Special Selection“; „Ркацители Special Selection” и „Совињон Блан Special Selection“, исто така од бербата во 2012-та. Белата и црвената верзија на виното „Бела вода”, како и белото „Барово“ се закитија и со бронзени медали кои им беа доделени и на вината од серијата „Alexandria Cuvee”, во бела и розе верзија од минатогодишната реколта, како и црвеното вино „Т’га за југ” од бербата во 2011-та. Истовремено, жиријата од двете натпреварувања, составени од бројни енолози и вински критичари, според прецизните и строги критериуми, дадоа високи оценки и специјално го истакнаа квалитетот на дополнителни 11 вина на „Тиквеш“, меѓу кои и црвените вина „Alexandria Cuvee” и „Вранец Special Selection“ од бербата во 2011-та година, како и белото вино „Темјаника Special Selection” од минатогодишната берба. Со ваквиот голем број наградени вина на IWC и Decanter, како најголеми и најзначајни светски вински мундијали, винарската визба „Тиквеш“ ја зацврсти својата репутација на производител со најнаградувани вина од Македонија, но и пошироко во регионот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј