23 Април, 2024
0.0299

ВИП го донесе BlackBerry Z10

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

BlackBerry Z10 е првиот паметен телефон кој работи на оперативниот систем BlackBerry 10. За да го поддржи развојот на локалните апликации, Вип го поддржа учеството на програмери од Македонија на BlackBerry 10 mini Jam настанот што ќе се одржува во Белград. Вип денеска  го претстави новиот BlackBerry® Z10 паметен телефон  кој работи на оперативниот систем BlackBerry® 10. BlackBerry Z10 е првиот паметен телефон со редизајнирана, надградена и повторно-создадена BlackBerry 10 платформа. Новата платформа им овозможува на корисниците да ги  користат и да навигираат повеќе апликации истовремено. BlackBerry Z10 е најбрзиот и најнапреден до сега BlackBerry паметен телефон кој им нуди на корисниците единствено искуство постојано прилагодувајќи се на нивните потреби. Новиот BlackBerry® Z10 карактеризира со 1.5 GHz двојадрен процесор со 2GB RAM меморија, 16GB интерен простор за чување податоци и простор за дополнителна мемориска картичка (која поддржува картички до 64GB). Овој паметен телефон исто така има 4.2 – инчен екран на допир со најновите технологии за висока густина на пиксели, и за да прикажува јасни, прецизни и неверојатно живописни слики. Истовремено новата технологија на овој паметен телефон кој работи и со но и без BlackBerry услуга преку (BlackBerry® Messenger им овозможува на корисниците едноставно да ги споделат работите од нивниот екран, како слики или документи, како и да креираат група, со своите соговорници. BlackBerry® Balance™ технологија – ги заштитува сите службени податоци и апликации, кои корисникот може да ги чува одвоени од приватните податоци и профили. -Кога пред нецели 5 години го донесовме BlackBеrry во Македонија, можеби малкумина веруваа дека токму таквиот наш визионерски чекор ќе биде предвесник на новата фаза во развојот на мобилната комуникација, којa се темели на таканаречените паметни телефони со супериорни карактеристики. Сега, кога паметните мобилни уреди стануваат незаменлив дел од животот на се поголем број луѓе во Македонија, Вип го прави следниот чекор, докажувајќи одново дека знае да ги препознае очекувањата и желбите на корисниците и соодветно да одговори на нив. Новата BlackBerry 10 платформа, која станува достапна преку најсовремениот мобилен уред од овој бренд, само неколку недели од светската промоција, во комбинација со понудите и услугите на Вип, ќе им овозможи дополнителна вредност, брзина, сигурност и совршено искуство во мобилната комуникација на нашите корисници“ - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип. Веќе од денес новиот  BlackBerry Z10 е достапен за македонските граѓани единствено и во продажните места на Вип. Овој паметен телефон,  е достапен од 8499 денари  во тарифниот модел Vip NoLimit. За да се поддржи и поттикне развојот на локалните апликации, Вип оператор обезбеди поддршка за групата на програмери од Македонија кои ќе учествуваат на BlackBerry 10 mini Jam настанот, кој ќе се одржи на 6 април 2013 година во Белград, Србија во организација на Blackberry Developer Group Balkan и Амбасадата на Канада, а е поддржан од BlackBerry. -Ни претставува задоволство што го имаме Вип како партнер од Македонија за настанот BlackBerry 10 mini Jam 2013 во Белград. Тие ја препознаа важноста на соработката со програмерите и им овозможија да учествуваат на овој настан во толку голем број. Претставува големо задоволство да се види дека соработката помеѓу мобилните оператори и програмерите може да создаде долгорочна соработка со одлични резултати“ - изјави Бранко Николиќ,  Chief Developer Group Manager на BlackBerry Developer Group Balkan.  

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!