19 Декември, 2025
0.0404

ВИП го зголеми пазарниот удел на речиси 30%

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2014 15:32

Добивај вести на Viber

Мобилниот оператор ВИП во текот на 2013 година продолжи да расте  во сите сегменти од работењето, и покрај високо конкурентниот пазар во Македонија. Компанијата објави дека ја зајакнала својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот и го зголемила својот пазарен удел на 28.0%. Вкупниот број на корисници на ВИП на крајот на 2013 изнесувал 630,000, од кои речиси половина или 47,5% се постпејд корисници.Приходите на компанијата се зголемени за 8% споредено со минатата година, и на крајот на 2013 година изнесувале 65 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) се зголеми за 20% и изнесува 15 милиони евра. „Зголемувањето на приходите јасно покажува дека понудите кои ги создадовме во изминатиот период беа во согласност со очекувањата и потребите на нашите корисници. Финансиската стабилност на нашата компанија ќе овозможи дополнителни можности за раст во период што следи. Растот на ЕБИТДА во 2013 година, ни дава цврста основа за продолжување на инвестициите на ВИП, кои ќе бидат во интерес на корисниците, но исто така и во насока на понатамошниот развој на пазарот на мобилна телефонија во Македонија“, изјави Питер Цидек, главен финансиски директор на Вип. „Ми претставува особено задоволство да потврдам дека нашите цели за 2013 година се во целост исполнети. ВИП успеа во релативно краток временски период да се зацврсти како втор по големина мобилен оператор и да обезбеди одржливост на операцијата во услови на високо конкурентен пазар. Очекуваме да продолжиме со одлични резултати и во 2014 година, бидејќи продолжуваме да ги остваруваме и надминуваме ветувањата дадени на нашите корисници“, истакна Никола Љушев, главен извршен директор на овој оператор. Во 2013 година, ВИП инвестираше 16 милиони евра, а 10.3 милиони евра во лиценца за 4Г. Во компанијата работат околу 340 лица. Сепак, и покрај позитивните резултати, од ВИП операторот велат дека пенетрацијата на мобилна телефонија на пазарот е намалена од 113% на 109% како резултат на конкурентните постпејд пакети кои ја намалиле потребата од СИМ картички од повеќе оператори.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии