19 Декември, 2025
0.1063

Vip и ФИНКИ стапуваат во официјална соработка

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2018 13:51

Добивај вести на Viber

Телекомуникациската компанија Vip и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) потпишаа договор за меѓусебна соработка на научно- истражувачки, развојни и образовни проекти за уште поголем ангажман од двете страни во унапредувањето на знаењето и достигнувањата во областа на информатичките технологии. 

Со овој договор студентите на ФИНКИ добиваат можност за работа на заеднички проекти со цел унапредување на стекнатото знаење од стручните предмети и нивна подготовка за извршување на работни задачи од областа на информатичката технологија. Од друга страна, вработените во Vip во одделите за техника и информатика добиваат можност за размена на искуства и знаења на научно – истражувачки проекти со наставниот кадар на ФИНКИ.


Како компанија која постојано вложува во општеството, Vip уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на студентите и важноста за стекнување практични и нови знаења и вештини. Нашето задоволство е уште поголемо што на студентите ќе им овозможимеда ги унапредат стекнатите знаења низ стручна пракса и со тоа ќе ја продолжиме добрата соработка со ФИНКИ. Веруваме дека искуството што студентите ќе го стекнат во компанија како Vip која е дел од А1 Телеком Австрија Групацијата ќе биде од непроценлива важност за нивниот понатамошен професионален развој. ”, рече Божидар Полдругац, директор на техника во Vip на чинот на потпишувањето на договорот.


Денеска потпишаниот договор ја заокружува долгогодишната соработка помеѓу ФИНКИ и Vip и уште еднаш ја потврдуваме нашата определба што овојпат освен за задолжителна пракса на студентите се однесува и на меѓусебна размена на стручното знаење со инженерите во Vip.  Уверени сме дека студентите ќе добијат можност да соработуваат со експерти од различни области и да научат како на вистински начин да го применат своето знаење во пракса со што ќе се отворат нови гледишта за младите генерации да се подготват за бизнис светот на најлесен можен начин. Од друга страна особено сме горди што во иднина ќе можеме да ги споделиме научно - истражувачките искуства со инженерите во Vip кои имаат долгогодишно искуство во оваа област., изјави Иван Чорбев , декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).


На настанот посветен на официјалното потпишување на договорот за меѓусебна соработка, пред студентите и професорите од ФИНКИ, од страна на техничкиот директор на Vip беше презентирана и најновата технолошка иновација на македонскиот телекомуникациски пазар, виртуелниот советник - “Славчо” кој ебазиран на вештачка интелигенција и е првиот четбот кој разбира и пишува македонски. 


Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан