20 Декември, 2025
0.0388

Вип креира навивачка еуфорија за поддршка на македонските ракометари

Објавено во: Мои пари 10 Јануари, 2014 15:04

Добивај вести на Viber

Вип продолжува со својата поддршка на македонскиот репрезентативен ракомет. Како официјален партнер на Македонската ракометна федерација и верен пријател на спортот, Вип оператор, заедно со своите корисници, ги испрати нашите репрезентативци на претстојното Европско првенство во Данска, посакувајќи им многу успех. - Сите ние имаме огромна верба во способностите, енергијата и желбата за победа кај нашите ракометари.  Уверени сме и дека тие ќе дадат се што е во нивна моќ за да го остварат тоа, со што ќе нè направат сите нас во Македонија неизмерно радосни и горди. На нас останува еуфорично да навиваме, покажувајќи ја уште еднаш нашата поддршка, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор. Во функција на создавање на вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на натпреварите на нашиот тим на претстојниот шампионат, Вип креираше неколку активности. Првата се однесува на корисниците кои на 11-ти јануари и во наредните неколку дена ќе купат нова или дополнат кредит на постојната СИМ припеид картичка. На тој начин тие стануваат потенцијални добитници на еден од многубројните пригодни подароци – дресови, топки, картички со потписи од ракометарите и навивачки реквизити, со што се приклучуваат кон големата навивачка дружина што активно ќе ги бодри нашите ракометари. Кон групата верни навивачи на репрезентацијата можат да се приклучат и сите Facebook фанови кои ќе можат да освојат еден од многуте подароци во форма на топки, дресови и навивачки реквизити. Соодветни подароци можат да освојат и радио слушателите кои во периодот од 8-ми до 10-ти јануари, на одредени популарни радио-станици, точно ќе одговорат на прашања поврзани со Европското првенство. Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, Вип оператор, шеста година по ред, активно ги следи и поддржува активностите на македонските ракометни репрезентации и придонесува за промоцијата на овој популарен екипен спорт во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии