Добивај вести на Viber
Почнувајќи од денес сите нови постпејд корисници на Вип имаат можност да изберат од новите Vip Free + постпејд тарифни модели кои нудат неограничена комуникација, при што најголемата предност е можноста корисниците да уживаат во слободна комуникација без обврски за минимално времетраење на договорот.
Во зависност од избраниот тарифен модел, покрај неограничените бесплатни минути во мрежата на Вип и бесплатни минути кон сите мрежи, Вип им нуди на корисниците и бесплатни СМС пораки, бесплатни минути и СМС пораки за меѓународен сообраќај, како и вклучен 3Г интернет. Така, на пример во тарифиниот модел Vip Free+ M за месечна претплата од само 379 денари, постпејд корисниците добиваат неограничен број на минути во мрежата на Вип, 200 минути кон сите национални мрежи, како и 3Г интернет со 100 МБ вклучен интернет сообраќај. За корисниците достапни се и следните тарифни модели: Vip Free+ S со месечна претплата од 229 денари, Vip Free+ L за 599 денари месечно, Vip Free+ XL за 999 денари месечно и Vip Free+ NoLimit со месечна претплата од 1799 денари, која во рамки на претплатата вклучува неограничени минути и СМС пораки кон сите мрежи, 10 GB 3Г интернет и 200 минути меѓународни разговори. Воспоставувањето на повик не се наплатува.
-Најновата постпејд понуда, без временски ограничувања и обврски, е уште едно иновативно решение излезено од Вип кое поставува нов стандард на македонскиот пазар на телекомуникациски услуги и јасно ја покажува нашата посветеност кон корисниците кои во изминатиот период во континуитет ги препознаваа вредностите и предностите на Вип. Иновативноста е заштитен знак на Вип, па и во иднина ќе продолжиме да креираме услуги кои не само што ги задоволуваат туку и ги пресретнуваат потребите на пазарот, секогаш обезбедувајќи повеќе придобивки и повеќе избор“ – изјави
Никола Љушев, главен извршен директор на Вип.