05 Декември, 2025
0.0363

ВИП: Шест месеци бесплатно сурфање со 3Г брзини

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2013 12:31

Добивај вести на Viber

Бесплатно сурфање со 3Г брзини на својот компјутер или лаптоп во следните шест месеци добиваат сите корисници на ВИП операторот кои од денес до 28 февруари ќе склучат договор за широкопојасен мобилен интернет. По истекот на периодот од шест месеци, во зависност од избраната тарифа, корисниците продолжуваат да плаќаат само месечна претплата и тоа: 499 денари за вклучени 5 GB интернет сообраќај или 999 денари за вклучени 20 GB интернет сообраќај со супер 3Г брзина. Заедно со бесплатниот интернет, во промотивниот период, корисниците бесплатно добиваат и еден од трите уреди за мобилен интернет од понудата на ВИП – Водафон сурфстик – со овој уред корисниците имаат брз и едноставен пристап до интернет на својот компјутер или лап-топ, со брза 3Г конекција или Водафон 3Г мобајл конект  – со кој корисниците ги приклучуваат своите ви-фи уреди на интернет и брзо и лесно креираат лична ви-фи  зона, без разлика каде се наоѓаат. Може да се одбере и ВИП 3Г хом конект  - уред за споделување интернет дома со своето семејство за 5 корисници за само една месечна претплата. За да можат корисниците целосно да ги контролираат своите сметки, останува правилото – по надминување на интернет сообраќајот вклучен во месечната претплатата, дополнителното сурфање не се наплаќа, туку само се намалува брзината, а кога се наближува лимитот на остварен месечен интернет сообраќај, корисникот добива нотификација преку СМС порака во реално време.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker