Вирусот се шири како пожар во шума, вели Кисиќ Тепавчевиќ
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Граѓаните на Србија не треба да ги теши тоа што моменталната ситуација е подобра во регионот бидејќи секој ден се зголемува бројот на случаи, вели докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Објаснува дека добро е што растот на бројот на позитивни не го зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, ниту на респиратори.
Но, како времето станува постудено, ќе има зголемување на бројот на случаи.
„Видовме дека кога ќе му дозволиме, вирусот се шири како пожар во шума, тоа е карактеристиката на овој вирус. Многу земји воведоа мерка носење маски на отворено, но тоа треба да се прилагоди, зависи дали сте некаде со својата фамилија во природа или на некоја прометна улица со многу луѓе“, заклучи д-р Кисиќ Тепавчевиќ.
Таа вели дека со дисциплина вирусот нема да може да се шири лесно.
762 граѓани на Србија починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.