Висар Ганиу е заразен со коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, е позитивен на Ковид-19.
„По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен“, напиша Ганиу на Фејсбук.
Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.
„Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.