Добивај вести на Viber
„Visitskopje.mk“ е новиот веб портал кој има за цел да ги промовира туристисчките капацитети на Скопје и да допринесе Скопје да стане препознатлива туристичка дестинација. „Feel Skopje“ e движечкиот слоган со кој ќе стартува целата кампања за промоција на веб порталот. Креирањето на идентитетот на Скопје како главен град на Република Македонија, грижата за културното наследство и неговото вреднување, поддршка на развојот на културните разноликости, отворањето на институции и други субјекти во областа на културата и промовирање на туризмот во престолнината се само некои од целите на овој веб портал. Скопје заслужува да има свој промотер како „VisitSkopje.mk“ со што ќе им овозможи на странските посетители да уживаат во маѓичноста и убавината на главниот град. Во Скопје се кријат приказните на сите генерации. Сите во него имаат свое катче, омилено место, идила во која уживаат. На различен начин, поради различна причина, сите го сакаат ова Скопје, кој има своја посебна убавина. Се сака кога мириса на липи и цути во пролет и кога во студените зимски ноќи снегот натежнува на гранките. Скопје има свој шарм со кој плени. Горди сме на градот со неисцрплива енергија. Градот што речиси и не спие. И кога сите градови одмораат, некаде после полноќ, Скопје и тогаш пулсира со посебна убавина. Скопје има прекрасен плоштад, горди сме на Воинот на коњ, Скопје ја има партизанска, го има градскиот парк, за убава прошетка го има Водно со преубавата жичара или пак Матка како негова алтернатива.. Скопје има и убави и насмеани ликови. Скопје има убаво сонце кое неминовно влијае на расположението. Ја има улицата Македонија на која може да го испиеш најубавото кафе со пријателите. Ги има старата Скопска Чаршија, Калето и многуте споменици кои сведочат за неговата богата историја. Сите овие нешто го прават Скопје поинаков град, а „visitskopje.mk“ постои за да го презентира тоа на најдобар можен начин.
Синиша Пекевски – менаџер на проектот „visitskopje.mk“: Со сите свои мани и доблести, Скопје е град како ниеден друг. Скопје заслужува да си го најде свое место на туристичката мапа, затоа што има што да понуди. Со овој портал сакаме да му помогнеме на Скопје и да ги испромовираме сите убавини кои овој град ги има. Покрај тоа, сакаме и како бизнис сектор да допринесеме за развој на економијата и креирање на нови бизнис и работни можности.„
Ненад Фидановски – менаџер на проектот visitskopje.mk: „Порталот ги има сите оние податоцои кои му требаат на еден турист да се информира пред да дојде во Скопје. Порталот е прегледен и едноставен, така да веруваме во позитивен фидбек од корисниците. Во иднина покрај англискиот јазик, порталот ке биде достапен и на други јазици“