Виски се изли како река
Објавено во: Свет 04 Март, 2013 14:26
На компанијата „Чивас брадерс“ и се случи вистинска катастрофа, откако по грешка на работниците во одвод истекоа околу 18.000 литри чисто виски, подготвено за точење.
По грешка на вработени во компанијта „Чивас брадерс“ во Дамбартон, наместо отпадни води во одводот заминале 18.000 литри чисто виски, подготвено за точење и вредно околу 600.000 евра.
Несреќата се случила во текот на ноќната смена при чистењето на опремата. Компанијата „Чивас брадерс“ која во својата фабрика вработува 600 работници и го произведува вториот светски најпродаван бренд „Балантајнс“, соопшти дека истрагата е во тек.
- Не дојде до истекување на алкохол во реката Левен, ниту пак некои други локални текови. Ги информиравме „Води на Шкотска“ и сите други релевантни власти“, се наведува во соопштението на „Чивес брадерс“.
Во контролата на отпадните води истакнуваат дека биле збунети, прашувајќи се што е причина за „загадувањето“, но многу брзо ги контактуирале од „Чивас брадрс“.
Нашиот тим за контрола на отпадните води ја посети компанијата за стекне увид во нивната истрага на несреќата и за да се осигурат дека ги презеле сите потребни мерки за повторно да не се случи такво нешто, рече портпаролот на „Води на Шкотска“.
„Истекувањето на големи количество алкохол во канализацијата може да има негативно влијание на процесот на прочистување на отпадните води, особено за време на суво и студено време. Ќе продолжиме да ја следиме работата на пречистувањето на отпадните води од Дамбартон за да се осигураме дека процесот не е загрозен“, објаснија челниците на „Води на Шкотска“.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




