Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе оствари средба со ЕВН Македонија
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2017 11:56
Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе ја посети компанијата за
дистрибуција и снабдување со електрична енергија на Македонија – ЕВН
Македонија.
„Заинтересирана за доброто на сите граѓани во државата, Движењето БЕСА е
длабоко загрижена за проблемите што ги изразуваат граѓаните во врска со
снабдувањето и плаќањето на електричната енергија, особено за цената
која граѓаните се принудени да ја плаќаат кон оваа компанија.
Поради оваа причина, Движењето БЕСА пред да ги поддржува протестите на
граѓаните и нивните барања од оваа институција, ќе се ангажира на
институционален начин, преку директна комуникација со оваа компанија и
другите институции на овој сектор, да најде начин како да се реализираат
барањата на граѓаните“, соопштуваат од БЕСА.
Движењето БЕСА, во согласност со нејзината платформа и одредените
принципи, како што информираат ќе се ангажира со сите свои капацитети да биде во служба на граѓаните, за тие да имаат еден поквалитетен живот, со подобри услуги и
повисок животен стандард, со што граѓаните ќе имаат еден вистински достоинствен живот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




