Високиот функционер што го лови Зврлевски е Заев, oпштина Струмица тврди се е согласно Законот!
Објавено во: Македонија 14 Март, 2017
Високиот функционер што го гони Марко Зврлевски е опозицискиот лидер пренесуваат дел од медиумите.
Имено, денеска од скопското обвинителство соопштија дека е покрената истражна постапка против едно службено лице носител на висока функција во општина Струмица.
Причината за постапката е сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица склучил четири посебни Договори со вкупна вредност од 1.029.549,оо денари за асфалтирање на една иста улица во населено место во општина Струмица, наместо да спроведе една транспарента постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор, истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината“, стои во образложението на ЈО.
Со реакција на ова соопштение кое во јавноста се пласираше преку сајтот на Јавното обвинителств, откаде што тврад дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори.
„Не е точно дека се работи за една улица туку
се работи за четири посебни улици. Еве ги улиците, јасно се гледа, се работи за
четири улици. Улиците дури и не се наоѓаат во непосредна близина. За нив е
извршена посебна проценка при што е утврдена поединечна вредност за секоја
улица и нивната вредност поеднинечно не надминува 5.000 евра. Врз основа на пресметките за секоја улица
посебно, е изготвен Годишен план за јавните набавки, при што согласно
проценетата вредност, а и согласно Законот за јавни набавки е предвидена постапка со барање за прибирање
понуди. Согласно Законот за јавни набавки, член 100,
договорниот орган, во случајот општина Струмица, законски спровела четири
постапки бидејки се работи за четири различни улици и тоа постапки со Барање
за прибирање на понуди без објавување на
оглас за секоја улица поединечно. Тоа законот така го пропишал! Целокупната документација на општина Струмица
е јавна и транспарентна, општината така работи и така ќе продолжи да работи“, реагираа од општина Струмица. Оттаму порачуваат дека за брзо време граѓаните на Македонија ќе добијат нова
одговорна Влада којашто ќе ги заштити граѓаните од хајки и нарачки од
тевтерчиња од партиски штабови и ќе обезбеди функционирање на правната држава.