Вистинската зима и снег доаѓаат, подгответе топла облека !
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2016 09:40
Сибирски бран, дожд, силен ветар од север, студ и снег. Ова се прогнозите на метеорологот Славчо Поповски кој го предвиде кобниот 6-ти август кога поплавите однесоа над 20 животи.
Метеорологот денеска најави врнежи најпрвин од дожд кои во текот на денот на повисоките места и на планините ќе поминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка.
Доцна попладне и навечер врнежите од дожд ќе започнат да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места каде исто така ќе има услови за формирање на потенка снежна покривка.
Ќе започне да дува засилен, на некои места повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе има удари до околу 60 км/час.
Температурата утре (понеделник) ќе се движи во интервал од 2 до 10 степени која доцна попладне и навечер ќе бележи тенденција на нагло опаѓање.
Врнежите од снег ќе продолжат и во вторник и ќе бидат со слаб до умерен интензитет.
Минималната температура во вторник ќе се движи во интервал од -8 до 0 степени.
Максималната температура исто така ќе биде мнопгу ниска и ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени.
Во среда ќе има разведрување и стабилизирање на времето.
Минималните температури во среда ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се движат во интервал од -12 до -3 степени додека максималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени.
За време на овој сибирски бран мора да напоменеме дека на високите планински места температурите е можно да се спуштат до околу -20 степени.
Ова значи дека сибирскиот бран кој доаѓа ќе ни донесе невообичаено ниски температури и истите ќе бидат пониски од просечните дури за околу 15тина степени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




