Vivax Cool Day 2023: Револуција во индустријата за ладење
Објавено во: Мои пари 16 Март, 2023 12:31
Скопје беше домаќин на традиционалниот VivaxCool Day 2023 во организација на Паком Компани, членка на М-Сан Групацијата, воедно и официјален увозник и претставник на Vivax во Македонија. Како и секоја година, целта на настанот беше да се направи ретроспектива на постигнатите резултати како потврда за успешната соработка и доследноста на стратегијата за континуиран развој.
Она што е различно оваа година од сите претходни е што регионалната низа на Vivax Cool Day настани започна токму од Скопје, и тоа во присуство на повеќе од 250 интернационални партнери, соработници и пријатели, како и претставници на матичната компанија Vivax Хрватска.
На целодневниот настан присутните имаа можност во релаксирана атмосфера да слушнат од гостите-предавачи од Хрватска повеќе детали за возбудливите новитети во светот на Vivax климатизацијата, која како најпопуларен бренд е дел од повеќе од 100.000 семејства. Се зборуваше за сите новитети кои се веќе достапни или ги очекуваме до крајот на годината, беа претставени и VIVAX VRF системите, како и деталите за постпродажната поддршка за бројните клиенти.
По официјалниот дел, присутните имаа можност да се опуштат со стенд-ап настапот на популарните актери Тино и Атанас, кои беа вистинско загревање за забавниот дел во кој настапи Елена Ристеска, што додаде момент на врвно доживување кое продолжи со диџеј сетот на Ерик Фокс. Како дел од забавната програма беше организиран и онлајн квиз кој обезбеди 10 награди за најголемите познавачи на брендот.
До следниот Vivax Cool Day, следете ги активностите на еден од најбараните и најприсутни брендови во нашата земја.
Видеото може да го погледнете на следниот линк
ПР објава
Фото галерија
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




