05 Декември, 2025
0.0281

Вкусот на македонските вина отсега достапен во специјализирани продавници

Објавено во: Агробизнис 29 Декември, 2013 18:07

Добивај вести на Viber

Продавници со површина од 30 до 100 метри квадратни во кои ќе се продаваат македонски вина ќе се отворат во неколку градови низ државава. Нив, како што информира денеска министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, ќе ги финансира државата. Имено станува збор за средства во висина од 10 милиони денари кои ќе бидат одвоени од Програмата за рурален развој. Првите продавници, вкупно десет, ќе се отворат во Скопје, Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево. Министерството ќе покрива-опремување на продавницата во висина од 50 отсто од направените трошоци , 50 отсто од надоместокот за закупнина, но не повеќе од 30.000 денари месечно, како и надоместоци за бруто-плата на најмногу две вработени лица, ограничен на просечна месечна бруто-плата во дејноста. Воедно ќе спроведе и обука за вработените кои ќе треба да знаат се за виното. Корисникот на средствата треба да склучи договори со најмалку 15 производители на вино за снабдување со вина и да има склучено договор во излогот или на полиците да изложи најмногу седум различни етикети од нивната понуда.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?