26 Мај, 2024
0.0285

Влада: Бројот на туристи се зголемува, ќе расте и бројот на вработени во туризмот

Објавено во: Економија 12 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Туризмот во Македонија не е во криза, туку бележи позитивни трендови, уверуваат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири. Според податоците кои се разгледувале на денешната владина седница, во 2013 година бројот на туристи во Македонија за првпат достигнал 700.000, што е речиси двојно зголемување во однос на 2006 година. „Како што напоменав трендовите се позитивни и оваа година односно бројот на туристи во периодот јануари-мај во однос на истиот период минатата година е зголемен за 6,7% и тоа кај домашните туристи за 9,9% и кај странските туристи за 4,8%“, вели Пешевски. Според него, причината за ова лежи во владините мерки - субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет и субвенционирањето на авио летовите на ниско буџетните компании, со кое се реши проблемот со директните конекции со поголемите градови во Европа и светот. Оваа година листата на дестинации е дополнета со нови тур-оператори и со нови дестинации, за што се обезбедени субвенции во висина од 155 милиони денари Покрај постоечките 8 авионски линии кон Малме, Дортмунд, Минхен, Базел, Лондон,Ајндховен и Милано, Столкхом и Гетеборг се воведуваат и нови три и тоа за Париз, Франкфурт и Брисел. Субвенционираните туристички тури се прошируваат со Кина и Индија од годинава, како и со САД, Британија, Казахстан, Катар, Азербејџан и Германија од 2015 година. Позитивните трендови вио туризмот предизвикуваат и зголемување на бројот на вработени во овој сектор, вели министерот за економија. „Лани во Македонија биле вработени 8.500 лица во туризмот што претставува 1,2 % од вкупниот број на вработени во земјава. Според проценките на Светскиот совет за патување и туризам годинава бројот на вработени во овој значаен сектор  ќе достигне 10.000 и тоа ќе претставува зголемување на учеството на БДП за 1,9%“, појасни Незири. Во Македонија се вработени уште 31.000 лица во областите кои се поврзани со туризмот.    

Можеби ќе ве интересира

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја