Влада: работното време од 7 до 15 часот
Објавено во: Економија 12 Јули, 2012 10:16
- Државните органи и јавните претпријатија и установи од денеска треба да го организираат своето работно време од 7 до 15 часот, поради топлотниот бран и високите температури.Оваа одлука во времетраење од седум дена ја донесе Владата на Република Македонија на вчерашната седница и препорача да ја почитува и приватниот сектор.
- Донесена е одлука за ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението како што се бремените жени и на лицата над 60 години, а установите за згрижување на децата, односно градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
- Работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот, а сите правни субјекти кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.Владата одлучи единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
- Во исто време, Владата препорачува да се почитуваат и досегашните мерки, односно во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце да се носи заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци.При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
- Во однос на зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови. Од Владата нагласуваат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба да бидат преземени мерки, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.
- Согласно добиените информации од мето-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи и денеска на целата територија на Република Македонија е за зафатена од високи температури, при што два региона, скопскиот и струмичкиот се и денеска во портокалова фаза и за нив важат вчера објавените мерки, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.Согласно информациите од УХМР, во текот на денешниот ден, четири региони, односно скопскиот, струмичкиот, пелагонискиот и охридскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на топлотен бран почнува да важи на целата територија на Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





