Добивај вести на Viber
Македонската Влада на вчерашната седница донела сет мерки со кои ќе се зајакнува борбата против болеста „син јазик“ што го нападна сточниот фонд во земјава.
Според заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, мерките предвидуваат сите сточари во одгледувалиштата да го исчистат ѓубрето за да може да се изврши дезинсекција на сите штали од страна на ветеринарните доктори, по што ќе следува премачкување на сите животни со репелент за одбивање на инсектите преку кои се пренесува болеста.
Владата ќе издвои и 18 милиони денари кои ќе им се дадат на ветеринарните станици за прскање, а Костадиновски апелираше земјоделските аптеки да не ги зголемуваат цените на препаратите.
Уште една мерка е ослободување од пашарина за сите сточари кои имаат угинати животни, односно во жариштата каде има син јазик. Сточарите потребно е да го пријават секое животно кое ќе угине кај ветеринарен испектор и тоа да се констатира со записник, за да може да добијат субвенција како надомест за одвивање на сточарските активности.
„Ситуацијата е тешка и веднаш на итна седница решивме да ги донесеме овие мерки, прво од превентивна и заштитна природа. Постојано ќе бидеме на терен и ќе ја следиме состојбата преку 330 лица кои секој ден ќе бидат присутни во одгледувалиштата и ќе дават извештај до надлежните, по што ќе се разгледа ситуацијата и ќе бидат донесени нови мерки“, изјави Костадиновски во Дневникот на МРТ.
Досега од оваа болест се заболени околу 30.000 животни од кои 7.000 се угинати.
Опозицискиот СДСМ денеска ја обвини Владата дека не презема доволно за сузбивање на оваа болест која го уништува сточниот фонд во земјата.
Болеста “син јазик“ ги коси до смрт овците, козите и говедата што ги одгледуваат. Загрозена е егзистенцијата на овие луѓе, велат од СДСМ.
Според Роберт Јанков од општинската организација Василево, намалено е и производството на млеко, а Владата не презема ништо за да им помогне на сточарите.
Од таму како пример ја наведуваат соседна Бугарија која веќе најави дека ќе одвои дури 2,5 милиони евра државна помош за сточарите во земјата, како компензација за загубите настанати од болеста “син јазик“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: