24 Ноември, 2024
0.0266

Владата ги држи затворени фитнес и спортските центри без статистика дека таму се пренесува вирусот: Светските искуства се поинакви

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Владата одлучи да ја прифати препораката и од завчера го намали полицискиот час. Дополнително се зголеми работното време на угостителските објекти на отворените тераси. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека нови ублажувања на рестрикциите може да се очекуваат од следната недела, ако продолжи трендот на намалување на новозаболените и на хоспитализациите. Сепак беше категоричен дека и покрај барањата, рано е за отворање на фитнес центрите и теретаните. Ова тврдење предизвика огромен револт кај сопственците на клубовите за вежбање. Тие и лани пролетта кога почнаа да се олабавуваат рестрикциите останаа последни во редот за отворање. Сега повторно прашуваат дали има оправданост одлуката фитнес центрите да бидат затворени. Не е познато дали има каква било статистика, иако до сега никој не ја презентирал, но според странските, преносот на коронавирусот во фитнес салите е реткост.

Претставници на фитнес центрите во земјава имаат податоци од фитнес федерациите во повеќе држави и врз основа на нив го темелат ставот дека е непоравдано теретаните да се држат затворени.

„Одлуките кои се донесуваат кај нас засега ги стимулираат претежно пороците, односно – отворени се казина и кладилници кои всушност никогаш и не беа затворени, како и ресторани и барови со работно време до 22:30 часот. Но затоа невозможно е да појдеш во фитнес сала грижејќи се за своето здравје, или да посетиш некој културен настан, музеј и слично, каде што сметам дека културата и почитувањето на протоколите за заштита од коронавирусот се на далеку повисоко ниво, вели Надица Костадиновски, менаџер на Синерџи фитнес.

Инаку во Австралија од 6,26 милиони check-ins во 423 фитнес сали низ Нов Јужен Велс во периодот од 13 јуни до 11 август 2020 година, пријавени биле 13 случаи на Ковид 19, но во нив немало ниту еден случај на трансмисија во фитнес објект.

Во Англија пак од 8 милиони check-ins во периодот од 25 јули до 16 август, пријавени биле 17 позитивни случаи, и ниту една трансмисија во тие 1.300 фитнес сали каде е спроведено истражувањето.

САД имале најобемно истражување во кое биле опфатени 2.873 фитнес сали. Од 49,4 милиони check-ins на членовите документирани во студијата, пријавени се 1.155 случаи, што се сведува на стапка на инфекција од 0,0023 проценти. И повторно, ниту еден од случаите не довел до локална трансмисија во фитнес сала.

Според владините податоци кои доаѓаат од извештајот за надзор на јавното здравство во Англија, во една недела 107.046 лица кои биле позитивни на коронавирус биле упатени за следење на контакт. Од нив, 2,8 отсто пријавиле дека во последните 7 дена биле во фитнес центар (меѓутоа не можат со сигурност да тврдат дека се заразени таму), додека во супермаркет пријавиле  11,2 отсто, а пабовите и баровите се застапени со 7,4 проценти.

Фактор веќе пишуваше дека поради тоа што се затворени фитнес центрите граѓаните се снаоѓаат и на отворено вежбаат на надворешните справи по скопските паркови. Во градот и во локалите повторно почна да се создава гужва, а бројот на новозаболени засега има надолен тренд.

Лани по првичната појава на вирусот и рестрикциите во март и април, Владата го остави отворањето на спортските центри, базените и фитнес центрите за третата фаза од олабавувањето на мерките по препорака на Комисијата за заразни болести. Спортот остана на чекање, а центрите под клуч пет месеци додека први беа отворени моловите и угостителските објекти. 

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје