Владата го демантира Милошоски: Нема дефиниран предлог за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020
Владата денеска преку Македонската информативна агенција го оцени како шпекулација тврдењето на пратеникот Антонијо Милошоски дека е дефиниран предлогот за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов пред Самитот на Берлинскиот процес во ноември.
-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, велат од Владата за МИА.
Од таму велат дека сите дискусии поврзани со личности и настани од историјата се водат преку заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања.
- Владата на Северна Македонија ја поддржува нејзината работа и ја поздравува заедничката одлука на членовите да имаат почести средби во иднина, се додава во демантот од Владата.
Милошоски утрово на фејсбук објави дека „дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:
"Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија".
(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)“ напиша Милошоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.