15 Декември, 2025
0.0419

Владата му префрли на ЕСМ уште 11,5 милиони евра

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Владата на последната регуларна владина седница на 29 ноември му одобри повеќе од 11,5 милиони евра буџетски пари на АД ЕСМ за справување со кризната состојба. Валквата сума доаѓа за помалку од три месеци откако на Електрани на РСМ им беа префрлени 50 милиони евра. 

„Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 700.000.000,00 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Средствата од член 1 од оваа одлука ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година“, се вели во одлуката која е извршена со префрлање на парите на сметката на ЕСМ на 30 ноември.

Пред помалку од три месеци на ЕСМ му беа префрлени 3,1 милијарди денари, односно околу 50 милиони евра. Во зимските месеци на почетокот на годината - јануари и февруари, од Владата во неколку наврати беше трансферирана збирна сума од безмалку 80 милиони евра. Во текот на ноември ЕСМ Продажба од Владата доби посебни 7,7 милиони евра за обезбедување на субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбениот сектор, училиштата и водоводните претпријатија. 

Тоа значи дека оваа година веќе се потрошени 150 милиони евра буџетски пари за енергетската криза со електричната енергија. Во оваа сума не влегува ланската помош од државата со почетокот на енергетската криза, а не се премсетани ниту средствата кои ЕСМ ги доби за обезбедување на снабдување со топлинска енергија.

Владата најавуваше дека ќе работат од 1ви Ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок Осломеј, ТЕЦ Неготино во полн капацитет и хидро акумулациите со цел потенцијал.

Иако веќе е декември, еден од најстудените месеци во грејната сезона, блокот 3 во РЕК Битола не работи бидејќи се чека пристигнувањето на новиот трансформатор и негово вградување. Блокот во ТЕЦ Осломеј не работи, а исто така и ТЕЦ Неготино кој требаше да влезе на мрежа до крајот на Ноември поради дефект на генераторот не работи, иако пресметките на Владата се дека во овој момент производство на струја од мазут е неисплатливо.
ЕСМ во текот на ноември направи пет набавки на ивозна електрична енергија од снабдувачи и потроши повеќе од 20 милиони евра за таа намена. Во моментов нема информации за нови набавки, но најавите од ЕСМ се дека овој месец ќе работат со повеќе капацитети и дека ќе се купува помалку струја во декември.
Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите