Владата го разрешила Макрадули, тој не сака да коментира
Објавено во: Македонија 19 Април, 2022 18:02
Откако денеска Владата го разреши Јани Макрадули од директорската позиција во Пошти, тој даде краток коментар за ТВ21.
„Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Јани во коментар за ТВ21.
Од Владата соопштија денеска дека одлучувале и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучиле да му препорачаат на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов, кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија. Но, нема информација за причината за разрешувањето.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




