18 Декември, 2025
0.0865

Владата го спасува печатот со субвенции само за „привилегирани“

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Со еднократната поддршка од 50 милиони денари македонската Влада ќе им помогне на постоечките печатени изданија, но не го стимулира отворањето на нови информативни гласила. Финансиска помош ќе добијат само тие кои постојат најмалку три години на македонскиот пазар и за тоа време имале најмала цена од 10 денари по примерок.

Покрај тоа, печатените медиуми треба да се печателе и дистрибуирале на пазарот најмалку три години до денот на објавувањето на Јавниот повик и тоа во континуитет  на пазарот по цена од минимум 10 денари за националните дневни весници, минимум 10 денари за локалните неделници и минимум 50 денари за националните неделници.

- Ова веќе со 10 денари за дневен весник и 50 денари за неделник е нешто друго. Во суштина тоа е изнудена цена поради која неопходни се субвенции и за дневните и за неделните весници, инаку реалната цена на чинење на еден примерок би била катастрофална за тиражот. Ограничуваањето да излегува најмалку три години овозможува селективни субвенции и онеправдување на тие што излегуваат, да речеме, повеќе од една година. Не ми е јасно зошто владата фаворизира некои дневни весници. Не видов ниту еден друг критериум. На пример по кој критериум се одредува што е тоа национален весник - коментира Ерол Ризаов, децениски уредувач на печатени изданија.

Генералниот секретар на Владата во наредните неколку дена ќе го објави јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми, а издавачите треба да ги поднесат фактурите од 2017-та. Генералниот владин секретаријат заклучно до 31 јануари 2019 година до Владата ќе го достави извештај за тоа кому и по колку пари ќе му следуваат и целата програма завршува тука без потреба од долгорочен ефект.  

Средствата ќе се доделат на печатените медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и во висина од 50% за направените трошоци за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина не помалку од 50%, но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и дистрибуција.

За тоа дали се исполнети критериумите ќе одлучува комисија која ќе биде составена од седум члена, и тоа пет владини и двајца медиумски. Станува збор за еден претставник од редот на вработените во Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, еден претставник од редот на вработени во Генералниот секретаријат, еден претставник од редот на вработени во Министерството за финансии, еден од вработените од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, еден претставник од редот на вработени во Министерството за информатичко општество и администрација и двајца надворешни медиумски експерти кои се членови на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Македонија (АЗНПМ). 

Комисијата по пристигнувањето на сите барања, ќе врши евалуација за исполнетите критериуми ќе го утврди бројот на пристигнати барања и ќе изготви „Листа на баратели кои имаат уредна и комплетна документација“, записник за евалуација и извештај на одобрени барања на корисници на средства согласно оваа програма. Од денешен апсект, сумата од 50 милиони денари ќе се подели во наредните неколку месеци и практично ќе биде субвенционирање на медиумска дејност чиј опстанок е под ризик на секаде, но според критериумите, парите нема да ги добијат сите, туку само одредени кои би биле „привилегирани“.

Јавниот повик ќе трае десет дена од денот на неговото објавување во дневните весници. и на веб-страницата на Владата. Корисниците треба да поднесат фактури од направените трошоци за печатење и фактури за направените трошоци за дистрибуција на печатениот медиум за календарската 2017 година, потврда од Управата за јавни приходи за платени јавни давачки за 2017 година, потврда дека не е отворена постапка за стечај издадена од надлежен орган и потврда дека не е отворена постапка за ликвидација издадена од надлежен орган;

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска