27 Април, 2025
0.0319

Владата исплати по еден денар за килограм грозје

Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2019 12:14

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство и платежната агенција соопштија дека се исплатени над 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите, односно по 1 денар за килограм на сметките на лозарите.

Станува збор за точна сума од 66,2 милиони денари за 6.240 лозари како дополнителната субвенција за предадено грозје во регистрираните винарски визби. Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади.

„ Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион”, изјави министерот Димковски.

Од таму велат дека парите биле исплатени во еден ден без селекција за сите кои исполнуваа услови за добивање на оваа финансиска поддршка. 

Според податоците од Државниот инспекторат досега се откупени над 11 милиони килограми грозје . Откупната цена на вранецот е 12,58 денари за килограм , а на смедеревката 11 денари за килограм.



Можеби ќе ве интересира

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?