05 Декември, 2025
0.0957

Владата ја донесе одлуката за дополнителна субвенција од 1 денар за сортите вранец и смедеревка

Објавено во: Агробизнис 29 Август, 2018 15:41

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија на денешната седница ја донесе одлуката за воведување на нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите смедеревка и вранец. Корисници на оваа нова подмерка што се воведува во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година,  се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство од сортите вранец и смедеревка од реколта 2018, и истото го предаваат во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.Лозарите за оваа нова дополнителна субвенција ќе можат да конкурираат до 25.12.2018 година. Во барањето за аплицирање треба да приложат и доказ ( потврда) дека грозјето е предадено во домашни винарии.

Со воведувањето на оваа нова дополнителна субвенција ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти.

Дополнително, со годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, лозарите кои имаат од 1 до 10 хектари лозје, ќе добијат наместо 40.000 денари 48.000 денари  по хектар за одржување на насади. Претворена во килограми, оваа субвенција изнесува половина денар по килограм, што значи дека вкупната финансиска поддршка заедно со дополнителната субвенција ќе изнесува 1,5 денари за килограм.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неколку месеци пред почетокот на бербата на годинешното грозје одржа повеќе состаноци со двете страни, со цел да се слушнат сите предлози на лозарите и на винариите и да се обезбедат услови за непречен откуп по рентабилни цени. Исто така средба со лозарите во Кавадарци, со цел да се изнајде соодветно решение деновиве имаа и  претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Според најавите од страна на откупувачите на винско грозје за претстојната реколта 2018 година се предвидува откуп од околу 38 милиони килограми од сортатата смедеревка и околу 42 милиони килограми за сортата вранец. МЗШВ континуирано ќе го следи откупот на грозјето, со цел да се гарантира непречен откуп.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?