„ВЛАДАТА ЈА ИЗБРА ДВОЈНО ПОСКАПАТА ПОНУДА“: Левица тврди 'трошат пари за кампања која претходно ја критикуваа'
Објавено во: Македонија 27 Август, 2025 12:33
Историјата се повторува, овојпат како фарса. Владата на ДПМНЕ реши да потроши над 23,3 милиони денари (околу 380.000 евра) за 45-дневна кампања со која на граѓаните ќе им објаснува колку е добро да бидеме дел од Европската Унија.
Ова го посочуваат денеска од опозициската Левица, од каде потенцираат дека со истата фирма соработувала и претходната владејачка гарнитура, поточно СДСМ.
- Истата оваа услуга пред неполни две години ја купи и владата на СДСМ - со исто времетраење, иста фирма, слична цена: 355.000 евра. Тогаш медиумите блиски до актуелната партија на власт критикуваа за вредноста на договорот, како и за сомнителноста и мистериозноста на компанијата „Вертиго-НМЕ ДОО“, која ја спроведуваше и сега повторно ќе ја спроведува кампањата.
Скандалот е уште поголем доколку се види тендерската документација. За оваа кампања стигнале две понуди: едната вредна 9.211.203 денари, а другата 19.799.919 денари без ДДВ. Владата на ДПМНЕ ја избра втората, односно двојно поскапата! - нагласуваат од Левица.
Потоа додаваат дека, додека властите се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе за европски спотови, народот тоне во сиромаштија и преку СМС пораки лечи деца или собира донации за повредените од трагедијата во Кочани.
- Власта упорно троши милиони од народната каса за да продава пропаганда наместо да вложува во реалните потреби на народот и да овозможи нормални услови за живот кои нема да го тераат секој млад човек да си замине од државата.
Со вакви криминални тендери и расфрлање со јавни пари, единствената европска перспектива е дека уште долго ќе ја гледаме ЕУ на скапи билборди и телевизиски спотови - се нагласува во објавата на Левица.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




