Владата ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“ - Бектеши: Државата изложена на нова меѓународна арбитража тешка милијарда евра
Објавено во: Економија 26 Јули, 2023
Владата на вчерашната седница донела одлука за прекин на важноста на својата претходна одлука со која што се спојуваа концесиите за рудникот „Иловица – Штука“, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши на прес-конференцијата во Владата детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот. И истакна дека од 2005 година досега за потенцијалниот рудник сите институции дале позитивни мислења.
Како што посочи Бектеши, откако речиси час и половина детално ги образложуваше сите акти и одлуки поврзани со „Иловица-Штука" од 2005 година до сега, „Еуромакс“ во моментов има сопственост на двете концесии. Тие не се одземени од страна на Владата, па компанијата, согласно Законот за минерални суровини, има право да го обнови барањето за спојување на концесиите. Сепак, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица-Штука, но сега се повлече од одлуката, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата доколку компанија одлучи да активира постапка пред меѓународна арбитража.
Од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ претходно веќе истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а како отштета ќе бараат најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.