Владата „ја пронајде“ одлуката дека новиот автопат се вика Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2019 11:16
Владата потврди дека е пронајдена службената одлука од претходната власт новиот автопат Миладиновци - Штип да се вика „Гоце Делчев“, објави Слободен печат, и истата останува во сила. ЈП Државни патишта ќе биде задолжен да ги поставува таблите со овој назив.
„Постои владина одлука за именување на автопатот Миладиновци-Штип со назив „Гоце Делчев”, што сметаме дека е добра одлука, а истата нема да биде променета и ќе биде целосно почитувана“, гласи одговорот од Владата.
Од таму велат дека тоа нема да им пречи на источните соседи, затоа што според агендата на договорот за добрососедство со Бугарија е Гоце Делчев да биде заеднички национален херој,.
„Имаме многу заеднички настани и ликови во историјата коишто не спојуваат и за коишто се договоривме дека ќе бидат празници за заедништво, а не за делби. Сега кога и официјално автопатот е пуштен во сообраќај, ќе биде спроведена и постапка за обележување која ќе ја спроведе ЈП Државни патишта, согласно нивните процедури, а Владата на РСМ ќе побара информација за извршеното задолжение“, велат од Владата.
Премиерот Зоран Заев изминатиот викен на свеченото отворање на оваа делница рече дека Владата ќе провери и ако навистина имало таква одлула, тогаш во ред.
„Ако е така, така и ќе остане, нема потреба од промена ако биле завршени процедурите за именување на автопатот, односно автопатот и официјално ќе се вика Гоце Делчев“, рече Заев.
Миладиновци - Штип е пуштен во употреба на крајот на мај оваа година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




