Добивај вести на Viber
Во насока на поддршка на туризмот, но и заради поддршка на македонските компании кои се занимаваат со производство на вино и заради развој на трговијата, Владата на минатата седница ја усвои програмата и мерките кои значат финансиска поддршка, односно кофинансирање на опремувањето, закупот и вработувањата во специјализираните туристички продавници за вино.
Овие продавници треба да се отворат во текот на годината, со почетокот на сезоната, и во нив ќе се продаваат вина произведени од македонски производители.
Формите на продавници ќе бидат во две категории, првата форма е класични продавници, а втората форма е специјализирани вински штандови. Продавниците ќе бидат сместени во централните градски подрачја и на фреквентните места каде што има циркулација на туристи и потрошувачи, а винските штандови во хотелите, на аеродромите и граничните премини, и заради големиот број на лица кои циркулираат кон овие локации и двете форми обезбедуваат сигурен промет и пласман за субјектите кои ќе се занимаваат со оваа дејност.
Владата ќе даде значителна финансиска поддршка која се огледа во следното
За опремување на продавницата ќе се кофинансира сума од 50% од направените трошоци за опремување, но не повеќе од 1.000.000 денари по продавница. За вински штанд ќе се кофинансира 100% од трошоците за изработка на винскиот штанд но во износ не повеќе од 600.000 денари по вински штанд. Ќе се кофинансира надомест на трошоци за закупнина во висина од 50% од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000 денари месечно по продавница или штанд. Најмногу 4 вработени лица по продавница ќе бидат кофинасирани, како и на најмногу 2 вработени лица по штанд. Висината на државното кофинанирање нема да биде помалку од 50% од просечната годишна/месечна бруто плата по работник, а не се исклучува можноста во зависност од интересот државата да ја финансира и целата бруто плата по работник.
Во текот на следниот период Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе распише јавен повик на кој секој заинтересиран субјект, односно правни лица регистрирани согласно Законот за трговска дејност, Законот за угостителска дејност и Законот за игри на среќа, ќе може да конкурира за финансиската поддршка
Критериуми кои треба да ги исполни прваното лице на конкурсот се:
-продавницата/винскиот штанд задолжително да исполнува минимум-технички услови за продажба на алкохол како и работното време согласно Законот за трговија
-продавницата/винскиот штанд мора да се со локација во централно градско подрачје во градовите или на локациите согласно листата во прилог на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013
-догорот за закуп на просторот кој е предмет на уредување и опремување или за сместување на винскиот штанд треба да е во времетраење од најмалку 3 години
-вработените лица треба да докажат солидно познавање на англиски јазик и основни познавања за вина.
- бројот на вработени лица треба да се задржи во времетраење на договорот со АФПЗРР. Доколку има промена на лицата – нововработените треба да ги поседуваат истите квалификации како и претходните лица
- при поднесување на барањето, барателот треба да приложи пред-договори со производители и/или трговци на вино за снабдување со македонски вина.
- корисникот е должен да обезбеди застапеност на сите македонски производители на вина соодветно и во подеднакви услови на презентација односно застапеност на најмалку 15 производители на вино.
- еден корисник може да користи помош за најмногу 2 продавници и 1 вински штанд или 3 вински штанда
- доколку корисникот ја наруши намената на просторот или винскиот штанд (на пр. нуди други производи освен македонски вина) или ја напушти дејноста пред истек на рокот согласно договорот со АФПЗРР должен е да ја врати помошта која ја добил по основ на оваа мерка во целост освен во утврдени случаеви доколку настане нарушување или оштетување на опремата или обавување на дејноста од објективни причини.
Локации кои ќе бидат објавени на повикот се:
-Град Скопје – 1 продавница во строгиот центар на градот, и 1 продавница во Старатачаршија
- Охрид – 1 продавница во строгиот центар и 3 вински штанда (во хотели со 4 ѕвезди)
- Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Крушево – по 1 продавница во секој град
- Маврово – 2 вински штанда (во хотели со 4 ѕвезди)
- Попова Шапка и Кожуф – 1 вински штанд по место
- Стоби – 1 вински штанд
2) гранични премини (хотелиери и казина)
- Дојран – 1 вински штанд
- Гевгелија – 2 вински штанда
- Аеродром „Александар Велики“ – 1 вински штанд
- Аеродром „Св Апостол Павле“ – 1 вински штанд
- Меѓународна автобуска станица во Скопје – 1 вински штанд
Оваа мерка е димензионирана во соработка со стопанските коморите и особено со македонската асоцијација на производители на вино, чии што идеи ги прифативме и конкретно ги разработивме и финансиски ги подржуваме.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.