26 Ноември, 2024
0.0311

ВЛАДАТА ЌЕ ИМ ДАДЕ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА НА НЕВЛАДИНИ - ќе помагаат на ранливи граѓани, а отчет ќе му даваат на Рашковски

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе им даде половина милион евра на невладини организации, или конкретно 488 илјади евра, за да и помогнат преку итни мерки во справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот. Парите ќе се делат преку грантови на суми од по 10 и 15 илјади евра, со цел овие невладини да ги информираат и да им помагаат на граѓаните и на ранливите и социјално загрозени групи. 

Оваа одлука Владата ја донела на вчерашната седница, а ја усвоила и Програмата за финансирање.

„Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата. Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 преку грантови во износ од 600.000 до 900.000 денари“, се вели во владиното соопштение.

Владата навела огромен список на активности што ќе ги прават овие невладини, а што според неа се приоритени цели за кои ќе бидат поделени овие пари, односно 500 илјади евра. 

Прво, информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, како што се препораките на Министерството за здравство, придржувањето кон мерката за самоизолација и задолжително носење на заштитна опрема на лицето. Потоа, правна помош, психолошка помош или совети за безбедност и приспособување за време на пандемија за најзагрозените групи, вклучително и спречување на стигматизација на заразените со коронавирус и лицата во изолација, односно спречување на говор на омраза.

Трето, помош и поддршка на децата од социјално загрозените семејства и децата од руралните средини за учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, како и помош и поддршка во грижата за стари лица, жртви на семејно насилство и други ранливи групи и во нивното приспособување на условите, што ги наметна кризата.

Тие ќе вршат и набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво, едукација, директна помош и поддршка на лица со хронични болести, лица со ретки болести, стари и изнемоштени лица, лица со зависности, самохрани родители, сексуални работници/чки, групи засегнати од ХИВ, лица со попреченост, ЛГБТИ и други социјално исклучени групи, во смисла на набавка на прехранбени производи и лекови, прехранбени и хигиенски пакети, психолошко-социјална помош и слично.

Ќе треба да даваат и директна поддршка за ранливи категории на работници/чки од ниско платени гранки со идејни решенија, кои ќе им помогнат да остваруваат приходи за време на криза, како што е на пример, воспоставување на онлајн продавници за земјоделци/ки поединци, директна поддршка на ранливи групи со ниски примања за да им се помогне со решенија кои ќе им помогнат за остварување на приходи за време на кризата, правна помош на граѓаните од најпогодените заедници за да ги остварат правата од мерките, кои ги донесе Владата, анализа на влијанието на пандемијата, вклучувајќи ги и економските ефекти од кризата врз жените и ранливите категории и предлози за менување на политиките и мерките, промоција на домашното земјоделско производство, локални капацитети за рурален развој и туризам и локалното производство на храна, антикорупциска проверка на политиките, кои се донесуваат во време на криза, предлози за структурни промени и нови политики во областа на здравството, образованието, социјалната заштита, животна средина и др., кои ќе гарантираат социјално-економска правда и правичност, информирање за заштитата на човечките права и ризикот од стеснување на просторот за граѓанските слободи за време на епидемија и вонредна состојба, справување со дезинформации, лажни вести, стигматизација и говор на омраза, активности поврзани со дигитализација и електронска писменост на населението воопшто, односно како да се зголеми довербата во електронската комуникација и работење, онлајн обуки и менторство за невработени лица, со фокус на ранливи категории граѓани, за стартување на сопствен бизнис, обезбедување на совети и поддршка за развој на онлајн модули за физичка активност со цел подобро ментално здравје за време на пандемија, како и информирање и едукација на јавноста за практикување на физичка активност со почитување на социјално дистанцирање, преку развој на упатства и модули.

За тоа како ќе ги трошат парите, невладините ќе му даваат „отчет“ на генералниот секетар Драги Рашковски.

„Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства ќе достават извештај за користење на средствата до Генералниот секретаријат на Владата, кој се грижи и за реализацијата на програмата и кој доставува извештај за реализација на оваа програма до Владата“, се вели во соопштението.

Владата ја донела и Одлуката за критериумите и постапката за распределба на овие пари на здруженијата и фондациите. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик