25 Ноември, 2024
0.0265

Владата ќе има последен збор за „Македонско село“

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Се огласи претставник на Владата за затворањето на комплексот „Македонско село“. 

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски денеска за затворањето на комплексот  којшто е во партнерство со Владата изјави дека овој проект бил направен од поранешната власт. 

Тој вели дека менаџментот од другата страна се откажува, и ќе ги плати сите „пенали“ кои следуваат согласно од договорот.

„Имав средба со претставниците на менаџментот на компанијата Тинекс МТ дооел Скопје и Квинс Хотел доо Скопје. Претставниците истакнаа дека стојат на ставот истакнат во соопштението дека еднострано го раскинуваат договорот, поради, како што не известија: „Работење исклучиво со загуба“. Претставниците на менаџментот ме известија дека се свесни за правните обврски кои произлегуваат од договорот, а тоа подразбира активирање на гаранција во износ од 2.690.409 денари, односно 43.000 евра и подмирување на киријата за следните шест месеци. Сакам да ја информирам јавноста дека комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Република Македонија, одлуката за овој неодржлив проект ја има донесено Владата на Република Македонија потпишана од поранешниот премиер, Никола Груевски. Притоа од парите на граѓаните за оваа непродуктивна инвестиција се издвоени 6.5 милиони евра со цел комплексот да биде ставен во функција. Ако се имаат во предвид сите трошоци околу комплексот, преку едноставна пресметка може да се заклучи дека граѓаните ќе може да си ги повлечат потрошените пари после 150 години“,  вели Мирчевски.

Додаде дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на следната седница ќе достави информации околу целокупната постапка, и потоа Владата ќе донесе одлука што ќе прави понатаму со овој комплекс. 

Од денес комплексот „Македонско село“ ќе биде со затворени порти. Ова стана јасно, откако на Фејсбук страната менаџментот ја соопшти одлуката, а која подоцна ја потврди и концесионерот.

Фактор за овој комплекс пишуваше пред две години. 

„Со извршениот увид констатирано е дека комплексот почнал да се гради во 2011 година, со планирани средства од 4 милиони евра, од Буџетот за период од три години, односно 2011-2013 година. Првичната предвидена вредност за реализација на проектот е надмината со склучување на договори за ентериерно уредување, водоснабдување, приклучување на дистрибитувната мрежа, пречистителна станица, така што целокупниот проект заклучно со 2015 година, издвоени се дополнителни средства од 1,8 милиони евра, и проект чини 5,8 милиони евра“ - велат ревизорите, се наведува во текст објавен во април 2016 година. 

Со оглед дека во Извештајот ревизорите констатираат повеќе неправилности тие потенцираат дека:

„Изработката на проектна документација која не соодветствува со фактичката состојба на терен, несоодветно планирање на средствата за ставање во употреба на целиот проект како и поради тоа што истиот уште не функционира како национална туристичка атракција за странски и домашни туристи има ефект на дополнително оптоварување на Буџетот по годините предвидени за негова реализација, односно, издвојување на средства потребни за целосно завршување и одржување, напишале тогаш ревизорите потецирајќи дека кога се работел Извештајот Македонско село се уште нема концесионер.

Комплексот „Македонско село“ чини 1,8 милиони евра повеќе од првично планираната сума, констатирал Државниот завод за ревизија, во Извештајот за работата на Министерството за економија.

Детали читајте овде

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“