Владата ќе ја реконструира Палата АСНОМ за 5,7 милиони евра
Објавено во: Економија 27 Април, 2023 10:07
Владата за 5,7 милиони евра ќе ја реконструира Палата АСНОМ (поранешната зграда на Комерцијална Банка) која .сега не се гледа од кејот на Вардар во центарот на Скопје, затоа што е покриена од Археолошкиот музеј.
За оваа услуга на Бауер БГ ќе му бидат платени 405.684.000 денари со ДДВ. Според договорот, реконструкцијата треба да заврши за три години. Оваа зграда е во сопственост на Владата, а пред две и пол години таму изби пожар поради што Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и МИА требаше да се отселат во други простории.
„Објектот кој е познат во јавноста како старата зграда на Комерцијална Банка – Скопје пред реконструкцијата го користеа неколку државни институции, односно, Секретаријатот за европски прашања, МИА како и Инспекторатот за животна средина. Во тој контекст, сакаме да Ве информираме дека по завршувањето на реконструкцијата, Владата на Република Северна Македонија ќе донесе одлука кои институции ќе ги користат реконструираните простории на објектот“, ни одговорија од Владата на прашањето кои институции во иднина ќе го користат овој објект.
Според договорот, Бауер БГ ќе работи на рушење и демонтажа, монтирање, изолирање, ѕидарски и фасадерски работи, осветлување, електрична инсталација, лимарија, водовод, вентилација, противпожарна вентилација итн.
Покрај Бауер БГ, понуди доставиле и Жикол, АК-ИНВЕСТ и Штрабаг. Инаку Палата АСНОМ е несуденото име на зградата уште од времето на владата на Никола Груевски, но на палата никогаш не заличи. На 9 септември 2020 изгореа шест простории и документација.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“
НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат
ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна





