20 Мај, 2024
0.0261

Владата ќе ја реконструира Палата АСНОМ за 5,7 милиони евра

Објавено во: Економија 27 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Владата за 5,7 милиони евра ќе ја реконструира Палата АСНОМ (поранешната зграда на Комерцијална Банка) која .сега не се гледа од кејот на Вардар во центарот на Скопје, затоа што е покриена од Археолошкиот музеј.

За оваа услуга на Бауер БГ ќе му бидат платени 405.684.000 денари со ДДВ. Според договорот, реконструкцијата треба да заврши за три години. Оваа зграда е во сопственост на Владата, а пред две и пол години таму изби пожар поради што Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и МИА требаше да се отселат во други простории.

„Објектот кој е познат во јавноста како старата зграда на Комерцијална Банка – Скопје пред реконструкцијата го користеа неколку државни институции, односно, Секретаријатот за европски прашања, МИА како и Инспекторатот за животна средина.

 Во тој контекст, сакаме да Ве информираме дека по завршувањето на реконструкцијата, Владата на Република Северна Македонија ќе донесе одлука кои институции ќе ги користат реконструираните простории на објектот“, ни одговорија од Владата на прашањето кои институции во иднина ќе го користат овој објект.

 
Според договорот, Бауер БГ ќе работи на рушење и демонтажа, монтирање, изолирање, ѕидарски и фасадерски работи, осветлување, електрична инсталација, лимарија, водовод, вентилација, противпожарна вентилација итн.

Покрај Бауер БГ, понуди доставиле и Жикол, АК-ИНВЕСТ и Штрабаг. Инаку Палата АСНОМ  е несуденото име на зградата уште од времето на владата на Никола Груевски, но на палата никогаш не заличи. На 9 септември 2020 изгореа шест простории и документација.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра