Владата ќе плати половина од инвестициите за двете фабрики на „Дура Аутомотив“?
Објавено во: Економија 27 Март, 2020
Владата теоретски би можела да финансира половина од кумулативните инвестициски трошоци на двете нови подружници на странскиот инвеститор Дура Аутомотив Системс, односно да плати и по 25 милиони евра, доколку за погоните Екстружонс и Стракшн бидат инвестирани по 50 милиони евра.
Субвенционирањето на оправданите инвестициски трошоци, отворањето работни места, готовинските грантови би можело да изнесува 50 отсто од вкупните трошоци до јуни 2024, доколку двете инвестиции надминат 50 милиони евра. Допонително, двете фабрики на една од светските водечки компании во автомобилскиот сектор ќе имаат гратис период од шест месеци доколку навремено не го обезбедат бараниот број на работници како услов да ги добијат субвенциите.
Договорите со Владата за субвенционирање се прикриени со X-бројки како дискреционо право на инвеститорот. Субвенционирањето на делот од инвестициите по надминувањето на бројката од 50 милиони евра не може да биде поголемо од вкупно 25 проценти за Екстружонс, додека за Стракшн останува 50 отсто и за инвестиција до 100 милиони евра.
И Комисијата за заштита на конкуренцијата во разгледувањето на договорите тврди дека со субвенционирањето кај овие два погони има елементи со кои им се дава голема предност на пазарот на двете подружници во однос на останатите и дека според пазарните правила инвеститорот е тој кој реално треба да го превземе поголемиот дел од товарот на трошоците. Замеруваат за формата според која се договорени условите на финансирање.
„Дура Аутомотив Системс“ во декември по постигнатите договори со Владата објави дека ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2.
Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании. Во едната ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година. Втората фабрика ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили.
Во трите фабрики, од кои првата веќе започна со работа годинава, ќе бидат вработени над 1.000 работници.
Александар Кузмановски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.