17 Декември, 2025
0.0501

Владата ќе прости 43 милиони евра долг на Македонски шуми!

Објавено во: Економија 16 Јули, 2013 08:49

Добивај вести на Viber

Владата ќе му прости на ЈП Македонски шуми долг од најмалку 43 милиони евра. Наместо да ги наплати парите што ова јавно претпријатие ги должи по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, камати и обврски по основ на денарски кредити, Владата ќе го зголеми бројот на акциите во претпријатието што го поседува во целост. Законот за претворање на побарувањата во траен влог, предложен од министерството за финансии, веќе е во собраниска процедура и денеска ќе биде предмет на расправа на Комисијата за финансирање и буџет. Според предлог законот, ЈП Македонски шуми должи 2,6 милиони евра без камата кон Фондот за ПИОМ за неподмирени обврски до 2007 година. Заостанатите обврски по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка и персонален данок од доход со камати достигнуваат 35,6 милиони евра само до крајот на 2009 година. Дополнително, Македонски шуми должи 1,6 милиони евра за денарски кредити (главница), како и 2,9 милиони евра казнени камати настанати во периодот од 2000 -2012 година. Вкупните обврски на Јавното претпријатие што ќе бидат простени од државата ќе бидат утврдени заклучно до денот на влегување во сила на овој закон, што значи може да ги надминат првичните 43 милиони евра. Отпишувањето на долговите доаѓа во време кога Македонски шуми вработува нови 1.600 лица преку огласот објавен од страна на Владата. Дел од ново-вработените ќе останат во Јавното претпријатие, а дел подоцна ќе треба да се распределат низ други државни институции.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар