Владата ќе субвенционира зголемување на плати, но само во три дејности
Објавено во: Економија 26 Декември, 2023
Новата антикризна мерка на Владата за субвенционирање на придонесите на вработените во делот кој ќе се зголеми со зголемувањето на нивните плати ќе важи само во три дејности - туризам и гастрономија, градежништво и текстилната индустрија.
Предлог законското решение е во Собранието, но работодавачите бараат да се дополни, бидејќи не е фер да важи за само три сектори во кои платите се подпросечни.
Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата рече дека станува збор за таргетирана мерка и затоа се опфатени само три дејности.
- Целта е намалување на неформалната економија, а тука има голем број на вработени што работат на црно. Тука беше мисијата на Меѓународниот монетарен фонд каде што рекоа дека треба да има само таргетирани мерки каде што се очекува најголем ефект
Според сите анкети, од самата бизнис заедница рекоа дека таму неформалната економија е повеќе изразена. Пратениците нека го поддржат овој закон, а ако има ефект, може да се прошири и на други дејности. Треба да се внимава и да не се преоптерети буџетот, рече Бесими.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.