Владата купува дефибрилатори!
Објавено во: Економија 10 Декември, 2012 11:00
Владата бара фирма која ќе ја снабди со дефибрилатори. Заинтересираните компании можат да ја достават својата понуда најдоцна до четврток. Според објавата на Бирото за јавни набавки, важноста на понудите ќе биде 60 денови. Други детали за барањата на Владата не се објавуваат.
Фирмите со над 100 вработени до 1 јуни мора да набават апарат за реанимација на срцева реакција, обврска која ја наметна министерот за здравство Никола Тодоров. Еден дефибрилатор чини најмалку 2.000 евра. Иако во Законот за здравствена заштита никаде не е посочено дека фирмите треба да поседуваат дефибрилатор, туку само да организираат здравствен пункт, Тодоров во писмо во април минатата година се повикува токму на овој закон и бара од фирмите да ја исполнат оваа нова обврска. Компаниите го покажаа својот револт преку писма до Тодоров, но и до премиерот Груевски, објаснувајќи дека се изложуваат на дополнителни трошоци. Тие се жалеа и дека несоодветната примена на дефибрилаторот може да биде и закана по животот на работниците. „Ние ќе им кажеме на фирмите каков тип дефибрилатори треба да набават, но тоа во никој случај нема да биде фаворизирање на некоја компанија. Ќе кажеме какви карактеристики треба да поседува уредот, но нема да наложиме тоа да биде некоја конкретна марка. Има таканаречени автоматски дефибрилатори, коишто не можеш да ги употребиш воопшто доколку нема потреба за нив. Јас не сум доктор и не можам ова медицински да ви го објаснам, но ќе побарам од Кардиологија мислењето да го достават до јавноста“, изјави во април Тодоров.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата





