Владата му порача на ЕСМ да го продолжи договорот со топланите на Адора
Објавено во: Економија 21 Март, 2023 18:33
Владата на денешната седница го задолжи АД ЕСМ да склучи нов договор со Адора Инженеринг за закуп на топланите Исток и Запад за снабдување на топлинска енергија за парно греење на Скопје.
Актуелниот договор со Адора на бизнисменот Ванчо Чифлиганец беше краткорочен и истекува до крајот на оваа грејна сезона.
„Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за активности во однос на дејноста регулирано производство на топлинска енергија, доставена до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Се препорачува на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, да го задолжи ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, да склучи Договор за закуп на основни средства за производство на топлинска енергија со сопственикот Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје.
А, ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија да поднесе барање за издавање лиценца за дејноста производство на топлинска енергија, како би се обезбедило непрекинато вршење и сигурност во снабдувањето на топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје“, соопшти Владата.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




